167
ЈСП Скопје информира дека од денес петок (24.06.2022 година), жичарницата и автобуските линии до Средно Водно (25, 25А и 25Б) нема да бидат во функција.
-Времениот прекин на работа е согласно воведената делумна забрана за движење во шумите, побарана од ЈП „Национални шуми“ – Скопје, а одобрена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор. Жичарницата и трите автобуски линии нема да работат сѐ до проценката на надлежните дека е намален ризикот од појава на шумски пожари, односно до отповикување на делумната забрана за движење во шумите, стои во соопштението од градскиот јавен превоз.