Воспоставувањето одржливи патишта за транспорт на жито од Украина е еден од главните приоритети во спречувањето на светската криза поради недостигот на храна, истакна денеска германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.
„Рускиот претседател Владимир Путин ја уценува Украина и затоа е важно да се развијат нови транспортни рути“, изјави германскиот министер за земјоделство Хем Ездемир.
Шефот на германската дипломатија изјави дека во јули би можело секојдневно да се извезуваат житарки од Украина.