196
Пратеничката и известувач на Европскиот парламент за Западен Балкан Виола фон Крамон Таубадел изјави дека е „ужасно разочарана“ и дека дводневниот самит на ЕУ, кој заврши денеска во Брисел, е „целосен неуспех“.
„Морам да признаам дека сум страшно разочаран… Видете: ги пуштија да отпатуваат во Брисел, шест од нив, и ништо не им дадоа, ништо не направија. Ни Босна не доби кандидатски статус Што е уште полошо, Северна Македонија и Албанија не добија пристапни преговори, а Косово не доби визна либерализација, што е прашање што се одолговлекува четири години“, рече таа во интервју за Еуроактив.