Потреси во руската армија: Путин сменил неколку клучни генерали

од Nikola Popovski
294 прегледи

Украина најверојатно ќе ја преструктуира својата одбрана во секторот Североднецк-Лисичанск, бидејќи руските оклопни единици продолжуваат да напредуваат на јужниот раб на населената област, според Министерството за одбрана на Обединетото Кралство, во своето редовно утринско ажурирање на конфликтот.

Министерството за одбрана, исто така, тврди дека од почетокот на јуни имало големи потреси во високата команда на руската армија, што довело до разрешување на командантот на Воено-десантните сили (VDV), генерал полковник Андреј Сердјуков и командантот на Јужната армиска група (SGF), генерал Александар Дворников, пренесува британски Гардијан.

Британското разузнавање истакнува дека Дворников веројатно бил генерален оперативен командант на инвазивните сили во одреден момент.

На крајот, се наведува дека командата на „SFG“ најверојатно ќе биде префрлена на генерал-полковник Сергеј Суровикин, бидејќи продолжува да игра голема улога меѓу руските сили кои ја спроведуваат офанзивата во Донбас. Повеќе од триесетгодишната кариера на Суровикин е полна со обвинувања за корупција и бруталност, тврди британското Министерство за одбрана.

Слични содржини