Никогаш потопол јуни: Рекордни температури во Јапонија

од Nikola Popovski
188 прегледи

Температурата на воздухот во градот Исесаки на југот на Јапонија денеска е забележана на 40,2 степени Целзиусови, што е највисока измерена вредност во таа земја во текот на јуни, соопшти тамошната Метеоролошката служба.

Како што беше прецизирано, со ова е соборен претходниот температурен рекорд во Јапонија од 39,8 степени Целзиусови, забележан на 24 јуни 2011 година.

„Силен антициклон од Пацификот со временски услови без облаци носи високи температури“, се вели во извештајот на Метеоролошката служба.

Топлиот бран, за кој Метеоролошката служба предвидува дека ќе продолжи и во текот на летните месеци, доаѓа во време кога јапонската влада побара од жителите да заштедат струја до септември за да се избегнат можните прекини.

Метеоролошката служба и Министерството за екологија издадоа предупредување за топлотен бран со препорака до населението во шест од вкупно 47 префектури да не ги напушта своите домаќинства непотребно.

Слични содржини