Пронајдени 17 тела во ноќен клуб во Јужна Африка

од Vladimir Zorba
252 прегледи

Телата на најмалку 17 млади лица се откриени во ноќен клуб во пристаништето Источен Лондон во Јужна Африка, соопшти денеска локалната полиција. Жртвите се на возраст од 18 до 20 години, изјави полицискиот функционер Тембинкоси Кинана и додаде дека во тек е истрага за околностите во кои загинале.

Телата се пронајдени во клуб во населбата „Синери Парк“.

На социјалните мрежи кружат фотографии од клубот на кои се гледаат телата на жртвите без видливи повреди.

Голем број луѓе се собраа недалеку од клубот во Источен Лондон, милионски град на Индискиот Океан, на околу 700 километри јужно од Јоханесбург.

Слични содржини