207
Вчера 25 јуни 2022 година, во хотел Дрим во Струга, се одржа Првата конститутивна сецница на Централниот одбор на НСДП на која беше избрано новото раководство на НСДП и го усвои Деловникот за работа.
М-р Мики Милковски од Ранковце беше избран генерален секретар на партијата.
Исто така беа избрани четири потпретседатели Соња Мираковска од Скопје, Зоран Маневски од Куманово, Јулијана Цековска од Прилеп и Драги Крстев од Битола.
На Централниот одбор беа избрани и организационен секретар др. Венцо Буинов од Виница и секретар за меѓународна соработка, Марјан Дамјановски од Скопје.
Беше избран и Извршен одбор на НСДП со 23 члена од кои 8 по функција и 15 члена од сите изборни региони и други организациони форми на НСДП.