Истокот падна, битката продолжува: Овие градови би можеле да бидат следна мета на Русија

од Nikola Popovski
732 прегледи

По повеќе од 120 дена војна, Русија воспостави контрола над уште еден голем индустриски град на истокот на земјата Северодонецк. Исто така, во Лисичанск – „сестрински“ град на Северодоњецк се водат интензивни улични битки, а прашање е во моментот кога ќе падне под контрола на Русија. Така Москва постигна уште една цел – контрола врз целата провинција Луганск, па се поставува прашањето која ќе биде следната цел на руските војници?

Една од теориите е дека руските сили сега ќе се фокусираат на јужна Украина, која претходно се обидоа да ја освојат, но пристаништето Одеса остана недостапно во првите денови од војната, пишува „Нова.рс“.

Подоцна војниците биле упатени кон Мариупол, кој неодамна потпаднал под руска контрола и на тој начин постигнале една голема цел.

Иако Путин сега изјави дека руските ракети би можеле да стигнат до цели кои досега биле избегнати, од движењата на руската армија може да се заклучи дека една од нив би можела да биде Одеса, која претходно била бомбардирана.

Со заземањето на Мариупол, Русија може да формира копнен коридор до регионот Донбас, кој се состои од самопрогласените Доњецк и Лугански народни републики (ДНР и ЛНР), кои се под контрола на руските сепаратисти.

Со ова Русија го контролира Азовското Море, како и бродовите кои пловат надвор од пристаништето.

Сега, армијата би можела да се прегрупира на пристаништата на Црното Море, преку кои се одвива трговијата на Украина со остатокот од светот, а пред се извозот на жито што сега е заробено во пристаништата.

Путин веќе неколку пати понуди „помош“ за решавање на кризата со храна предизвикана од блокадата на пристаништата во Украина, иако самата Русија придонесе за кризата.

Нов удар за украинската економија, но и за светскиот синџир на исхрана може да биде окупацијата на Одеса – клучното пристаниште на Црното Море.

Оружје во Киев

Со оглед на тоа што Путин посочи дека Русија ќе го користи своето понапредно оружје, доколку Западот продолжи да ја вооружува Украина, една од потенцијалните цели би можел да биде Киев, место каде пристигнува помош од западните земји, а кое од утрово е гранатирано неколку пати.

Иако на Русија не и е потребен главниот град во стратешка смисла, таа би можела да биде мета токму поради оружјето што преку Полска пристигнува во Украина.

Магацини со оружје и муниција се наоѓаат во околината на Киев, но и во Лвов, кој се наоѓа во близина на границата со Полска. Воената база Јаворив кај Лвов беше гранатирана за време на посетата на американскиот претседател Џозеф Бајден, а слична ситуација може да се повтори и сега, во случај Путин да реши да пресретне оружје од запад пред да стигне до фронтовите на истокот и југот на земјата.

Харков

Третата и последна потенцијална цел е Харков, град кој Русите неуспешно се обидуваа да го освојат неколку пати. Вториот по големина град во Украина се наоѓа во близина на границата со Русија, што значи дека со евентуалниот пад на Харков, Русите би можеле да формираат уште еден копнен коридор до нивната територија.

Сепак, се чини дека ова е најмалку сигурна опција досега, со оглед на тоа што руската армија неодамна доживеа голем пораз во Харков.

Нападите на овој град траат речиси од почетокот на војната на 24 февруари, а во мај руските сили беа блиску до освојување на Харков.

Сепак, Украинците успеаја да ги потиснат непријателските војници и да ја вратат целосната контрола над градот. Од таа причина, тешко дека Путин повторно ќе издаде наредба за заземање на градот што Украина ќе го брани по секоја цена, се наведува во текстот на српска „Нова“.