Од следната година германскиот добавувач Schaeffler-Paravan сака да стартува управување на автомобили со помош на џојстик наместо со волан.
Германската компанија започнува тестирање на системот by-wire, со помош на џојстици, во спортски автомобили и друмски возила. Контролите работат како во компјутерска игра: лево е лево, десно е десно, гас е напред, а сопирачките се во рикверц, пишува „HAK“.
Контролата со џојстик на Paravan се смета за револуционерна. Затоа Schaeffler влезе во овој проект како инвеститор, а сега заеднички се обидуваат да го комерцијализираат системот во 2023 година. Системот може дури и да се догради.
Предностите се големи бидејќи нема повеќе удари кои се пренесуваат преку воланот при возење низ дупки, управувањето повеќе не троши енергија, а работата на системот за активна безбедност е олеснета бидејќи воланот повеќе не мора да се движи при корекција на насоката на возење.
Paravan има огромно искуство во развивање контролни системи за лицата со посебни потреби, а заедничкото вложување најавува дека е три години пред конкуренцијата во однос на развојот. Се очекува најголема корист од овој систем да имаат лицата со попреченост.