Украинскиот претседател Володимир Зеленски им кажа на лидерите на групата седум водечки индустриски демократии дека сака војната на Русија во Украина да заврши до крајот на годината, пред да дојде зимата, изјавија двајца европски дипломати, цитирани од Ројтерс.
Зеленски преку видеоконференција им се обрати на лидерите на Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и САД на вториот ден од нивната средба во јужна Германија.