Иран тестираше нова ракета

од Stefanija Kuzmanovska
231 прегледи

Иран тестираше ракета за лансирање на истражувачки сателит во вселената, само неколку дена откако се согласи да се врати на меѓународната преговарачка маса за неговата нуклеарна програма. Ова го објавија во понеделникот медиумите, повикувајќи се на Министерството за одбрана.

Не е познато кога била лансирана ракетата Зољанах. Американската сателитска компанија Maxar штотуку објави фотографии на кои се гледаат подготовките за такво лансирање во центарот за лансирање на Имам Хомеини во провинцијата Семнан.

Целта на разговорите е да се укинат санкциите кон Иран доколку Техеран дозволи повторно воведување на контроли што би го спречиле да развие програма за нуклеарно оружје.

Но, скептиците тврдат дека секоја акција што Иранците ќе ја преземат за проектили и ракети подоцна може да се префрли во програмата за нуклеарно оружје.

Иран наведува дека сателитот е дизајниран да снима податоци за временските услови, земјоделството, природните катастрофи и нема воена улога.

Но, САД и Израел стравуваат дека Иран ја користи својата вселенска програма за воени цели.

Датумот за продолжување на иранските нуклеарни преговори не е објавен откако викендов беше постигнат договор за нивно обновување.

Слични содржини