Јужноафриканските власти кои ја истражуваат смртта на 21 тинејџер во клуб на источниот брег во изминатиот викенд, денеска соопштија дека трагедијата очигледно била предизвикана од нешто што јаделе, пиеле или пушеле, што ја исклучува претходната претпоставка дека настрадале во стампедо.
Сè уште необјаснетата смрт на тинејџерите, од кои некои славеа крај на училишните испити, а други родендени, предизвика тага и шок кај нацијата во земја во која често се случуваат инциденти поврзани со опивање, пренесува „Ројтерс“.
„Тоа е или нешто што го проголтале, без разлика дали тоа е храна или пијалок што би укажало на труење, или вдишеле нешто“, изјави денеска Унати Бинкоз, портпарол на локалната служба за безбедност во провинцијата Источен Кејп.