Бишевац: Се случува обид на „техничко миење“ на францускиот предлог

од Nikola Popovski
235 прегледи

Не сум убеден дека новиот француски предлог, кој што не е во целост француски, бидејќи е јасно дека е договоран од страна на официјална Софија и Скопје. Тоа го призна францускиот државен секретар, како и Вархеји, но несакајќи и премиерот Ковачевски. Не сум баш убеден дека Бугарија ќе се согласи со прифаќање на македонските барања. Овој задкулисен обид на македонската влада значи дека учествуваат во некаков обид на „техничко миење“ на францускиот предлог за да се продаде на македонската јавност, смета поранешниот пратеник Сафет Бишевац.

Според него, имаме богата историја на владеачки гарнитури кои ги „мачкале очите на јавноста и народот“.

-Знаете ли кога Македонија ќе влезеше во НАТО да не беше геостратешки интерес на САД да го затвори овој дел на Европа во очи на ситуацијата со Русија? Да не се лажеме. Чесно е кон народот и јавноста да се каже вистината. Луѓе ова е тоа што ни го нудат. Европските интереси на кои се повикува Европа се далеку од тоа, вели Бишевац во емисијата „Само вистина“.

Слични содржини