Иран поднесе барање за членство во БРИКС

од Stefanija Kuzmanovska
283 прегледи

Иран поднесе барање за приклучување кон групата БРИКС, пренесува „Интерфакс“, повикувајќи се на агенцијата „Тасним“.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Саид Хатибзадех изрази надеж дека членството на Иран во БРИКС ќе донесе „дополнителни придобивки“ за сите страни.

БРИКС е економска алијанса чии членки се Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка.

Слични содржини