Русите го киднапираа градоначалникот на Херсон, тврди Украина

од Nikola Popovski
167 прегледи

Руските сили го киднапирале градоначалникот на Херсон, Игор Коликаев, а потоа извршиле претрес во неговата канцеларија, тврди неговата советничка Халина Љашевска.

Во соопштението на Фејсбук страницата на градскиот совет во Херсон се наведува и дека припадници на руската армија наводно го киднапирале градоначалникот на Херсон, Игор Коликаев, пренесува „Yahoo News“.

– Засега ништо не се знае каде се наоѓа, се наведува во пораката.

Советникот на градоначалникот го потврди киднапирањето за Киев Индепендент и украинска Правда.

Херсон е главен град на истоимениот регион и пред војната имал околу 300.000 жители.

Руските сили го окупираа во март.

 

Слични содржини