Совет за безбедност на ОН: Група земји бараат истрага за Кременчук

од Stefanija Kuzmanovska
234 прегледи

Претставниците на Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Франција, Албанија, Норвешка, Ирска и Украина во Советот за безбедност на ОН повикаа на објективна и независна истрага за инцидентот во понеделникот во централниот украински град Кременчук, кога руските сили нападнаа трговски центар во кој се наоѓаа повеќе од 1.000 луѓе.

Киев побара итен состанок на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во Украина.

Во соопштението од групата земји се нагласува потребата од објективна, професионална и независна истрага, со која ќе се изведат пред лицето на правдата оние кои го прекршуваат меѓународното хуманитарно право и ќе се изведат пред лицето на правдата оние кои вршат воени злосторства.

Слични содржини