Не оправдувам насилство и додека сум министерка секаде каде што можам ќе го спречам. Не го оправдувам ниту вашето насилство кон моите колешки вчера. За прашањето за државниот секретар, Вие поднесовте пријава и доколку извештајот на надлежните органи кои треба да постапат по Вашата пријава се утврди кривично дело, според истото ќе биде донесено соодветно решение, одговри министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. На парашањето на пратенкот Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ за тоа дали ќе предложи разрешување на Азири кој по инцидентот во Комисијата за европски прашања на Фејсбук го поддржа дивеењето на сопартиецот Арбер Адеми и му се закани на Милошоски дека на сите како него „антиалбанци“ ќе им ги скршат рацете и нозете.
Милошоски рече дека не е задоволен од одговорот и порача дека министерката со тоа што не бара разрешување на Азири наместо да превенира говор на омраза, станува пасивен поттикнувач.
„Кога државен секретар во министерство за култура , каде очекуваме луѓето да бидат поплеменити, јавно пишува и повикува на кршење на раце и нозе на тие што не мислат како него, министерството за култура губи на репутација со таков човек. Со тоа што ќе предложите негово разрешување, кое можеби и нема да биде прифатено, вие добивате на репутација. А ако Вие штитите човек што повикува на говор на омраза, вашето министерство губи на репутација. И наместо да се превенира на некој начин сте пасивен соучесник“, изјави Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.