Сирија ја призна независноста на Доњецк и Луганск

од Nikola Popovski
194 прегледи

Сириското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека земјата одлучила да ја признае независноста на самопрогласената Народна Република Доњецк (ДНР) и Луганската Народна Република (ЛНР).

Сирискиот претседател Башар ал Асад во средината на јуни објави дека наредил почеток на соодветната процедура за признавање на ЛНР и ДНР, потсетува РИА Новости.

Во февруари, по вонредната седница на Советот за безбедност, рускиот претседател Владимир Путин им се обрати на своите сограѓани и изјави дека смета дека е неопходно да се признае суверенитетот на ЛНР и ДНР, а веднаш потоа ги потпишал соодветните декрети.

Во тие документи тој наредил со помош на руските вооружени сили да се зачува мирот во ЛНР и ДНР.

Русија започна напад врз Украина на 24 февруари.

Слични содржини