Францускиот суд осуди 20 учесници во терористичките напади во Париз во 2015 година

од Stefanija Kuzmanovska
154 прегледи

Специјалниот суд во Франција вчера осуди 20 лица обвинети за учество во нападите на Исламската држава во 2015 година на театарот Батаклан во Париз, париските кафулиња и францускиот национален стадион, во кои беа убиени 130 лица.

Првообвинетиот Салах Абдеслам беше прогласен за виновен, меѓу другото, за убиство и обид за убиство во врска со терористички потфат. Му се заканува доживотна казна затвор, без можност за скратување.

Покрај Абдеслам, 18 обвинети се осудени за различни кривични дела поврзани со тероризам. Еден е осуден за полесна измама.

Тие најчесто се обвинети за помагање во логистичка поддршка или транспорт за напади. Најмалку еден е обвинет за директна вмешаност во нападот во Брисел во март 2016 година, за кој одговорноста ја презеде Исламска држава.

За време на судењето, Абдеслам се извини и побара од судот прошка за неговите „грешки“. Тој е единствениот преживеан од десетчлената група која ги изврши нападите во Париз во 2015 година.

Обвинителите во своите завршни зборови рекоа дека сите 20 обвинети се членови на Исламската држава, која е одговорна за нападите.

Слични содржини