Не сум го видел новиот документ. Се сомневам дека тие забелешки на македонската страна кои се прифатени, суштински ќе влијаат на целите кои Бугарија си ги остварува со овие преговори. Убеден сум дека тие промени ќе треба да бидат некаква „димна завеса“ за македонскат јавност, која траба да биде убедена дека ова е сосема поинаков документ, дека преговарачката рамка и протоколот ќе бидат одвоени и посебен документ. Мислам дека нема сериозни подобрувања. Мислам дека Бугарија си ги оствари сите свои цели во овие шест месеци, вели поранешниот пратеник и новинар Сафет Бишевац.
Според него, единствената добра работа е дека тој документ станува јавен и за него своето мислење да си го кажат сите засегнати страни.
-Мислам дека во суштина само се потврди тврдењето на опозицијата дека историското „не“ не е ништо друго освен она што ни се случи со „Илинденска Македонија“, како што предлагаше Заев, рече Бишевац во емисијата „24 анализа“.