Апасиев: Џафери воведе скафандер-демократија

од Nikola Popovski
176 прегледи

Вие сте првиот претседател, без оглед дали сте Албанец или Македонец, кој има најмногу кривични пријави за пречекорување на службена положба и овластување, изјави денеска лидерот и пратеник на Левица, Димитар Апасиев од собраниската говорница во однос на интерпелацијата на претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Според Апасиев, Собранието стана печатница на лоши владини закони.

-Опозициските општи акти се чуваат во фиока, како нашата Декларација, која две години не може да дојде на дебата. Интерпелациите на министрите се чуваат во фиока и не се процесуирани. Вие воведовте скафандер-демократија, односно вие не постапивте според здравствените прописи за време на епидемија. Го шверцувавте Законот за државјанство со европско знаменце и оттогаш почна процесот на злоупотреба на службената положба, изјавил меѓу другото Апасиев.

Слични содржини