Иран: Погубени 10 лица осудени за убиство и силување

од Stefanija Kuzmanovska
153 прегледи

Десет лица осудени на смрт за злосторства како убиство и силување беа погубени во Иран.

Според Агенцијата за активисти за човекови права на Иран (ХРАНА), десет осуденици биле егзекутирани на 29 јуни во затворот Речаи Шахр во градот Керај во провинцијата Алборц.

Наведено е дека осум од егзекутираните се осудени на смрт поради обвинение за убиство, а двајца за силување.

Иранските власти се уште не ги коментирале овие случаи.

Според извештајот објавен од „Амнести интернешенел“ на 24 мај 2021 година, во Иран биле егзекутирани 314 лица, што по Кина е земја со најголем број на смртни казни во светот.

Слични содржини