203
Рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Грушко денеска изјави дека евентуалниот прием на Финска и Шведска во НАТО може да ја влоши воената ситуација во областа на Балтичкото Море.
„Ако одиме по логиката на одлуките во Мадрид, тогаш по финализирањето на приемот, НАТО ќе почне да кажува дека најголема ранливост е руско-финската граница, која мора да биде заштитена, 1.300 километри, затоа е неопходно да се распоредат војници, оружје. итн“, рече Грушко за време на разговорите во меѓународниот клуб „Валдаи“, пренесе ТАСС.