Русија: Набљудувачи на ОБСЕ работеле во корист на украинското разузнавање

од Stefanija Kuzmanovska
161 прегледи

Специјалните сили на руската Национална гарда открија документи кои потврдуваат дека набљудувачите на ОБСЕ работеле во корист на украинските разузнавачки служби, соопшти денеска прес-службата на Националната гарда.

„Додека ги извршувавме планираните операции, специјалните сили на руската национална гарда открија документи на ОБСЕ во куќата на поранешниот шеф на безбедносната служба на Украина за регионот Керсон, генералот Вјачеслав Савченко, во кои се потврдува соработка со украинските разузнавачи“, се наведува во соопштението, пренесе ТАСС.

Се додава дека Националната гарда ја пребарала куќата на генералот во Херсон и наводно нашла скап мебел, како и документи на ОБСЕ во кои се наведува дека претставниците на странската мисија во Херсон биле под лична заштита на Савченко.

Слични содржини