252
Русија започна континуирано следење на потенцијалните нуклеарни експлозии, објави денеска новинската агенција „Интерфакс“, повикувајќи се на руското министерство за објекти.
Центарот за следење на експлозии, кој беше отворен на 1 јуни, има за цел да ги открие изворите на геофизичкте нарушувања предизвикани од човек, како и нуклеарни експлозии, објави „Ројтерс“.
„Со цел зајакнување на одбранбените способности на нашата земја, од 1 јули, вработените во Главниот центар за геофизичко следење работат без престан“, наведува „Интерфакс“.