Путин за поранешниот јапонски премиер: „Засекогаш ќе остане во срцата на сите што го познаваа“

од Stefanija Kuzmanovska
204 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин изрази сочувство за смртта на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе.

Путин истакна дека злосторничка рака му ставила крај на животот на истакнатиот политичар, кој направил многу за развојот на добрососедските односи меѓу Русија и Јапонија.

На веб-страницата на Кремљ беше објавена телеграма со сочувство.

„Почитувана г-ѓо Јоко Абе и почитувана г-ѓо Акие Абе, примете најдлабоко сочувство за смртта на вашиот син и сопруг Шинзо Абе… Ви посакувам вам и на вашето семејство сила и храброст пред оваа тешка, непоправлива загуба“, се вели во телеграмата на Путин до мајката и сопругата на Абе, пренесува „Спутник“.

Како што нагласи Путин, одржувал постојана комуникација со Абе, во која до израз дошле одличните лични и професионални квалитети на поранешниот јапонски премиер.

„Светлиот спомен на овој исклучителен човек засекогаш ќе остане во срцата на сите што го познаваа“, заклучи Путин.

Шинзо Абе почина во медицинската универзитетска болница во Нара по атентатот.

Слични содржини