Апасиев: 15 притворени малолетници за фрлање јајца, 1 притвор за пукање кон толпа

од Берта Китинска
157 прегледи

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев објави статус на Фејсбук, откако беа изречени притвори за неколку лица поради инцидентите во претходните денови на протестот против францускиот предлог.

„Малолетници фрлале јајца – 15 притвори.Учки пукаат кон толпа – 1 притвор!?Колеги од МВР, Обвинителство и Кривичен суд – СРАМ сте за цела правна фела!“, напиша Апасиев.

На протестот завчера се случи инцидент, кога неколку лица излегоа со оружје кај проштадот „Скендербег“.

Слични содржини