379
Осомничениот за убиството на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе, Тецуја Јамагами, изјавил дека пукал во Абе затоа што верувал дека припаѓа на организација на која бил лут, соопшти полицијата.
Јамагами (41), кој беше уапсен веднаш откако Абе беше застрелан во градот Нара додека држеше говор на предизборен митинг, не прецизираше за која организација станува збор.
На прашањето на јапонските медиуми дали неговата намера била да го убие Абе, полицијата на прес-конференција соопштила дека Јамагами признал дека пукал во поранешниот јапонски премиер.