Бугарија се поблизу кон нови избори, Василев го врати мандатот

од Nikola Popovski
188 прегледи

Серијата политички раскинувања, вклучително и борбата против корупцијата, војната во Украина и односите со Македонија, ја влечат Бугарија кон нови избори, четврти од април минатата година. Мнозинството Бугари не сакаат ново гласање. Партијата на Кирил Петков не успеа да обезбеди мнозинство во парламентот.

Не долго откако дождот ги растера приврзаниците и противниците на партијата на Кирил Петков кои протестираа пред парламентот во Софија, новиот кандидат за премиер Асен Василиев му го врати мандатот на претседателот Румен Радев, со што заврши еднонеделниот обид Бугарија да добие нова влада без предвремени избори.

„Го враќаме мандатот… За жал, не успеавме да најдеме 121 пратеник кои би биле подготвени да ја поддржат нашата програма“, изјави Василев пред новинарите во Софија, по што Радев најави „пауза“ пред да го предаде мандатот за формирање на нова влада на друга политичка групација.

Во суштина, Бугарија има уште две шанси да формира нова влада пред Радев да назначи преодна влада и да распише предвремени избори, четврти од април минатата година.

Политичката криза во Бугарија се совпадна со почетокот на војната во Украина и енергетската криза што ја создаде тој конфликт, тензиите кои произлегуваа од преговорите за спорните прашања со Македонија, но пред се поради најавената борба против корупцијата што ја започна Кирил Петков.

Коалициската влада падна откако партијата ИТН на Слави Трифонов го обвини Петков за предавство на националните интереси бидејќи тајно преговарал за тргање на ветото од почетокот на преговорите на Македонија со Европската унија.

Соработниците на Кирил Петков тврдеа дека падот на владата е предизвикан од комбинација на влијанието на мафијата, која сакаше да ја спречи контролата на начинот на трошење на буџетските средства и руското влијание во Бугарија.

Веднаш откако парламентот и изгласа недоверба на владата, протера 70 руски дипломати, што дополнително ја потресе претходната коалиција, која исто така беше напуштена од проруските социјалисти.

Политичката криза што настана длабоко го подели електоратот во оваа земја, па според последните истражувања на јавното мислење, партијата на Кирил Петков и ГЕРБ на Бојко Борисов имаат речиси подеднаква поддршка.

„Тоа е речиси како референдум за и против мафијата“, рече Петков, кој предупреди дека политичката криза ќе ја чини Бугарија неколку милијарди евра од европските фондови, како и ќе го одложи влезот на земјата во еврозоната, најавен за 2024 година.

Исто така, не е јасно како новите избори ќе влијаат на обидите на Бугарија да обезбеди стабилно снабдување со природен гас, бидејќи Русија го прекина протокот на енергија откако владата на Кирил Петков одби да плати во рубли.

Слични содржини