Volkswagen стана најпопуларен автомобилски бренд во Велика Британија, а првите три места по популарност се германските марки.
Најновата студија ги анализираше податоците за регистрација на возила во Обединетото Кралство за да открие промени во ставовите на возачите кон брендовите на автомобили во земјата помеѓу 2009 и 2021 година. Истражувањето покажа дека Volkswagen во моментов е најпопуларниот автомобилски бренд во Велика Британија, со удел од 8,92% од регистрираните возила на Островот.
Значи, речиси секој 11-ти регистриран автомобил во 2021 година е со амблемот на VW.
Покрај тоа, студијата откри дека германските марки се најпопуларни во Британија, а Volkswagen, Audi и BMW ги заземаат првите три места. Минатата година, речиси една третина (29,01%) од автомобилите што се „тркалаа“ по тамошните патишта беа направени од еден од германските производители.
Во 2021 година, Volkswagen имаше 1,82% повеќе удел од Audi, додека неговиот удел на пазарот постојано се зголемува од 2016 година, кога беше трет најпопуларен бренд на Островот (7,61% удел на пазарот).
Минатата година VW го престигна Ford како омилена автомобилска марка во Велика Британија за прв пат од 2009 година. Иако Ford во 2021 година имаше највисок пазарен удел на Островот од 2009 година, тоа не му помогна да ја задржи својата водечка позиција.
Инаку, во 2009 година, Volkswagen беше единствениот германски бренд во топ 5-те најпопуларни производители во Велика Британија, со пазарен удел од 8,04%.
Сега Volkswagen, BMW, Mercedes и Audi сочинуваат 40% од топ 10 брендови. Изненадувачки, британските производители на автомобили како Vauxhall и MINI се помалку популарни кај британските возачи.
Од 2016 до 2020 година, бројот на регистрирани возила на Opel се намали за 4%, а во 2017 година VW го престигна Vauxhall и стана втор најпопуларен бренд на Островот.
Од 2009 до 2016 година, Vauxhall го зазеде второто место, со удел од најмалку 10% од регистрациите на нови возила.
MINI беше само 15-та најпопуларна марка во Британија минатата година, со само 2,76% од новорегистрираните возила, односно 2,75% помалку од Vauxhall.
И покрај намалувањето на вкупниот број Opel возила на патиштата во последната деценија, Vauxhall Corsa моментално е најпопуларниот модел на автомобил во Британија.
Познати по нивната сигурност и популарност меѓу младите возачи, Corsa сочинува 2,48% од сите регистрирани возила во ВБ. Тоа е за 0,46% повеќе од второпласираниот VW Golf (2,02%).
Историски гледано, Ford отсекогаш бил најпопуларниот избор меѓу британските возачи. Од 2001 до 2008 година, Ford Focus беше најпопуларниот автомобил со над 5% удел на пазарот.
Потоа беше претекнат од Ford Fiesta во 2008 година, кога овој модел сочинуваше 5,80% од новорегистрираните возила во Велика Британија. Оттогаш, Fiesta постепено опаѓа по популарност, а во 2021 година беше надмината од Vauxhall Corsa (2,48% удел на пазарот) и Volkswagen Golf со 2,02%.