Литванија денеска го прошири списокот на стоки кои подлежат на мерките за ограничување на трговијата преку својата територија до руската енклава Калининград, како дел од постепеното воведување на претходно најавените санкции на Европската унија, објави портпаролот на литванската царина.
Списокот на санкционирани стоки од денеска вклучува и бетон, дрво, алкохол и индустриски хемикалии на база на алкохол, рече портпаролот, пренесува „Ројтерс“.