Прекинот на водоснабдувањето во дел од Тафталиџе одложен за утре

од Vladimir Zorba
132 прегледи

ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје соопшти дека за денеска најавениот прекин на водоснабдувањето на дел скопската населба Тафталиџе поради отстранување на дефект на ф-100 милиметри на улица „Копенхагенска“ број 4, се одлага за утре.

Според најавата, поради санација на дефектот утре од 9:00 часот, па се до завршување на зафатот, без вода ќе бидат корисниците на улиците
„Копенхагенска“, „Софиска“, „Стокхломска“ и „Његошева“.

Слични содржини