Украинската армија започна контраофанзива против руските војници

од Stefanija Kuzmanovska
205 прегледи

Украинската армија објави дека започнала контраофанзива против руските војници кои зазедоа делови од јужниот украински регион Керсон, пренесува ДПА.

Да потсетиме, во четврток, на 24 февруари, рускиот претседател Владимир Путин за време на телевизиско обраќање објави дека започнува специјална воена операција за заштита на Луганската и Доњецката народна република.

Прес-секретарот на шефот на државата Дмитриј Песков го привлече вниманието на фактот дека операцијата се спроведува со цел демилитаризација и денацификација на Украина.