Според студијата на ACEEE, непрофитна истражувачка организација чиј примарен интерес е енергетската ефикасност и заштитата на животната средина, новиот голем електричен пикап и SUV – GMC Hummer EV, не е толку еколошки како што изгледа.
Термоелектраните на гас и јаглен играат голема улога во американскиот енергетски микс, што не помага за еколошкото производство на електрична енергија. Истражувањето на ACEEE покажува дека малиот електричен Bolt на Chevrolet испушта 92 грама CO2 на милја, додека новиот Hummer EV е одговорен за 341 грам CO2 на милја, пишува Revija HAK.
Големиот Hummer има 1.000 КС, што резултира со голема потрошувачка на енергија. Барем новиот електричен Hummer е далеку поефикасен од оригиналниот дизел H1 Hummer со емисија од 889 грама CO2 на милја. Новиот Hummer испушта 21 грам CO2 на милја повеќе од бензинскиот седан Chevrolet Malibu.
Очигледно, мора да се прифати фактот дека новиот Hummer е пред се посветен на постигнување спектакуларни перформанси, а со забрзувањето од 0 до 100 м/ч за три секунди доаѓа и цената (енергетска)…
Можеби клучното прашање е дали воопшто ни требаат такви електрични возила?