Регионалната полиција на Јорк го сподели инцидентот на Твитер. Јорк е регион кој се наоѓа во Канада северно од Торонто каде што полицијата очигледно не се шегува кога станува збор за брзо возење. И тука навистина се работи за брзо возење – 170 км/ч во зона со ограничување на брзината од 60 170 км/ч.
Возачот е приведен, а во објавата не се споменува затворска или парична казна. Се разбира дека возачот добил 30-дневна суспензија на возачката дозвола, а „авентадорот“ е привремено задржан. Сепак, ќе му биде вратен на сопственикот по 15 дена. Во овој случај, не се работи за трајна заплена како Corvette Z06 која неодамна ја заплени шерифот на Флорида, пишува „Jutarnji“.
Судејќи според неодамнешните коментари, 30-дневната суспензија и 15-дневното задржување на автомобилот изгледа како блага казна за многу луѓе. Неколку коментатори предложија подолго суспендирање на возачката дозвола заедно со трајно одземање на „Aventador“ или дури и негово целосно уништување.
Со V12 мотор кој развива околу 700 КС, автомобилот сигурно е способен да достигне 170 170 км/ч за само неколку секунди, но може многу повеќе од тоа. Барем возачот без потера застанал на сигнал на полицијата.