Џонсон: Ја напуштам премиерската функцијата со крената глава

од Stefanija Kuzmanovska
142 прегледи

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека наскоро ќе ја напушти функцијата со крената глава, една недела откако беше принуден да поднесе оставка како лидер на Конзервативната партија, откако ја загуби поддршката од клучните владини функционери и пратеници.

„Горд сум на моето досегашно лидерство и наскоро ќе ја напуштам премиерската функција со крената глава“, изјави Џонсон во парламентот, пренесе „Ројтерс“.

Британскиот премиер истакна дека Конзервативната партија ќе се обедини околу победникот за нејзиниот нов лидер.

Слични содржини