244
Северна Кореја ја призна независноста на самопрогласената Доњецкa Народна Република (ДНР), изјави денеска лидерот на ДНР Денис Пушилин, додавајќи дека тоа е „уште една победа на дипломатијата“ за таа територија.
„Меѓународниот статус на Доњецката Народна Република и нејзината државност продолжуваат да се зајакнуваат. Ова е уште една победа на нашата дипломатија“, објави Пушилин на Телеграм, пренесува РИА Новости.
„Оваа одлука ќе биде основа за понатамошен развој на односите во сферата на економијата“, смета тој.