Приведен велешанец за претепување сограѓанин, кој починал од здобиените повреди

од Vladimir Zorba
180 прегледи

По преземени мерки и активности и координација на СВР Велес, СВР Струмица и велешкото Основно јавно обвинителство, синоќа во 22.45 часот на место викано „Стара Мрдаја“ во Стар Дојран, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишиле од слобода 43-годишниот велешанецот Г.Ш..

Тој се сомничи дека на 9 јули 2022 во казино во Велес го нападнал и му нанел повреди на 46-годишниот велешанец Д.В., кој на 13 јули 2022 од здобиените повреди починал во Општата болница во Велес.

Слични содржини