Од партијата ГРОМ велат дека се запрепастени од сознанието дека дел од опозицијата е влезена во оваа шема, како што велат, да асистира во изигрувањето на македонскиот народ.
-Кооперативноста на Мицкоски со меѓународниот фактор се виде со формирањето на таканаречената работна група во собранието за наводното подобрување на текстот. ГРОМ уште еднаш го повикува Мицкоски да му одговори на македонскиот народ колку пати работната група се состана и кои се наводните интервенции во текстот? Ставовите на СДСМ се јасни! Тие беа за референдум за промена на името, за прифаќање на бугарските услови и за започнување на преговорите со Европската Унија по секоја цена, порачуваат од ГРОМ.
Партијата бара и упатува апел до пратениците да го спречат изгласувањето на бугарско-францускиот предлог со сите расположливи средства.