Dongfeng Nano Box е нова верзија на електричниот модел на Renault City K-ZE, кој во Европа се продава како Dacia Spring.
Nano Box доби различен преден дел во споредба со неговите братучеси, пред се благодарение на новите пластични компоненти.
Dongfeng Nano Box може да прими четири патници, долг е 373 cm, широк 158 cm, висок 152 cm и има меѓуоскино растојание од 242 cm.
Возилото користи електричен мотор со 33 kW/44 КС и батерија од 26,8 kWh, при што компанијата наведува дека автономијата со едно полнење е до 331 km (но според кинескиот тест циклус).
Цената во Кина со субвенции е 66.000 јуани, што е 9.765 евра.