Техеран е технички способен да направи нуклеарна бомба, но допрва треба да одлучи дали ќе направи таква, изјави денеска за „Ал Џезира“ Камал Харази, висок советник на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи.
– За неколку дена успеавме да збогатиме ураниум до 60 проценти (чистота) и лесно можеме да произведеме збогатен ураниум до 90 проценти (чистота) – рече Харази, пренесе „Ројтерс“.
Тој рече дека Иран има технички средства за производство на нуклеарна бомба, но дека се уште не донел одлука за изградба.
Харази истакна дека Техеран никогаш нема да преговара за својата ракетна програма и регионалната политика.
Потсетуваме дека според нуклеарниот договор со САД, Техеран ја ограничи својата програма до 2018 година, кога Трамп го напушти договорот со Иран и воведе остри санкции.
Овој потег го поттикна Иран да ги прекрши ограничувањата на нуклеарниот пакт.
Сега Техеран е многу поблиску до тоа да има доволно материјал за нуклеарна бомба, иако се чини дека не ја обновил својата програма за вооружување.