Сајбер напад врз Владата на Албанија, Мајкрософт помага да се реши проблемот

од Nikola Popovski
219 прегледи

Албанската влада денеска соопшти дека по сајбер напад од неоткриен извор, затворени се веб-страниците на владата и на сите официјални институции. Полицијата и главните државни служби се привремено достапни само во нивните канцеларии.

Во соопштението се вели дека „широкиот и сложен“ сајбер напад започнал во петокот попладне, оставајќи ја владината инфраструктура и системи изолирани.

Хакери се обиделе да нападнат клучни системи, со цел да ги оневозможат, се вели во соопштението, додавајќи дека „методот што го користеле е идентичен со минатогодишните напади забележани во меѓународниот сајбер простор“, како оние извршени во Украина, Германија, Литванија, Малта, Холандија и Белгија.

За среќа, раното откривање овозможило да се исклучат клучните владини системи и сите биле „зачувани и обезбедени“, се вели во соопштението.

Во него се наведува дека албанските власти работат со експерти од Мајкрософт за решавање на ситуацијата.

Блокирањето на јавните услуги погоди многу поединци и компании.

Тамошното МВР соопшти дека полицијата и главните државни служби привремено ќе бидат достапни само во своите канцеларии.

Слични содржини