До неодамна најпопуларниот модел на Lamborghini се подготвува за пензија. Нема страв бидејќи наследникот ќе остане максимално доследен на името на брендот што го претставува. Имено, наследникот ќе добие хибриден погон, поточно plug-in hibrid.
Тоа го потврди и Рувен Мор,човекот задолжен за техника на Lamborghini, откривајќи во интервју за AutoExpress дека подготвуваат нешто посебно.
„Во однос на погонот, тоа ќе биде plug-in хибрид, а во однос на перформансите, повторно ќе биде голем чекор напред, ако можам да кажам така. Моторот ќе биде посебен за Lamborghini. Засега не можам да навлегувам во детали, но би рекол дека ќе има повеќе од шест и помалку од 12 цилиндри што се однесува до бензинскиот мотор“, истакна тој.
Лесно е да се заклучи дека се работи за V8 или V10 мотор, а многумина се сигурни дека ќе се задржи постоечкиот 5.2 V10, но со важни подобрувања, наведува Index.
Она што е уште поизненадувачко е скокот во перформансите на погонот. Неименувани извори велат дека новиот модел ќе има дури 850 КС. Во секој случај, електрификацијата е голем предизвик за Lamborghini, а тоа го призна и самиот Рувен Мор.