Захарова: Политичарите од ЕУ да ја бараат причината за кризата во своите грешки

од Stefanija Kuzmanovska

Европските политичари треба да ги бараат причините за домашните кризи во своите грешки и непрофесионалност, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова во коментар во врска со изјавите на италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи ди Мајо, пренесува ТАСС.

Во телефонско интервју за американските медиуми во петокот, Ди Мајо рече дека оние во Италија кои сакаат колапс на владата на премиерот Марио Драги работат во интерес на Русија.

„Би ги советувале европските политичари причините за домашните кризи да ги бараат во сопствените грешки и непрофесионализам, чии социјални и економски последици се повеќе ги чувствуваат обичните граѓани на земјите на ЕУ“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи.

Слични содржини