Со цел да се информираат граѓаните за можностите за бесплатна правна помош и да се осигури подобра искористеност и пристап до овие услуги, ќе се организира настан за подигање на свеста во Виница, на 22 јули 2022 година, почнувајќи од 09.00 часот, пред градскиот пазар во Штип, во Дојран на 25 јули на шеталиштето пред општина Дојран од 09.00 часот и во Струмица на 25 Јули 2022 почнувајќи од 13.00 часот, пред трговскиот центар Глобал.
Оваа активност е дел од серијата активности за подигање на свеста, чијашто цел е да се промовира користењето на бесплатната правна помош во Северна Македонија. Тие ќе се обидат да допрат до разни локални заедници за да им дадат детални информации за тоа каде и како можат да најдат бесплатна правна помош и кои институции/организации ја даваат. За време на настанот, учесниците ќе имаат можност да им постават прашања на експерти од областа и да добијат одговори, како и да добијат лесно разбирливи информативни материјали за конкретните теми за коишто може да се побара и добие бесплатна правна помош, вклучувајќи семејно насилство, имотни прашања, дискриминација и социјална заштита, итн.
Информативните активности, организирани во 12 општини во Северна Македонија, од 13 јули до 20 август, се очекува да ги зајакнат знаењата за бесплатната правна помош меѓу жителите на локалните заедници, но, исто така и меѓу правните професионалци, на тој начин подржувајќи поширок пристап и искористување на овие правни услуги, со особен фокус на ранливите групи, како што се жените и децата.
Кампањата за БПП, којашто во Северна Македонија се спроведува од 2021 година, има за цел да ги промовира овие услуги како еден достапен и функционален механизам којшто нуди ефикасна правна заштита на граѓаните и најважно од се, осигурува еднаков пристап до правната помош за оние коишто инаку не би можеле да си ја дозволат.
Овој настан се организира во рамки на заедничкиот проект на Европската унија и на Советот на Европа “Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија”, во тесна соработка со Министерството за правда на Северна Македонија и останатите членови на Националното координативно тело за бесплатна правна помош: подрачните одделенија на Министерството за правда, граѓански организации и правни клиники овластени да да даваат бесплатна правна помош (БПП). Проектот е дел од заедничката програма на СЕ-ЕУ “Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019-2022 г.”, иницијатива за соработка со која им се помага на земјите-кориснички во Западен Балкан и Турција да се усогласат со европските стандарди.
Календар на настаните во јули 2022
Општина | Датум на промотивниот настан |
Виница | 13 Јули 2022 |
Кочани | 14 Јули 2022 |
Штип | 22 Јули 2022 |
Шуто Оризари | 23 Јули 2022 |
Дојран | 25 Јули 2922 |
Битола | 29 Јули 2022 |
Прилеп | 30 Јули 2022 |