183
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека информациите дека рускиот претседател е болен не се „ништо друго освен лажни“.
Песков наведе, коментирајќи го седмиот пакет санкции на Европската унија, дека и најстрогите ограничувања никогаш не доведоа до промена на ставот на земјите против кои се наметнати, а нема ниту кај Русија.
Тој укажа дека не чувствува оти политиката на санкционен притисок се намалува, имајќи предвид дека седмиот пакет санкции на ЕУ предвидува отстранување на некои ограничувања.