Opel во соработка со XS ја подготви новата Astra L со оптика на Opel Motorsport, која потсетува на легендарната Manta 400.
Уникатниот автомобил е опремен и со системот за воздушно потпирање „GRINDS“, сет од 20-инчни тркала од американскиот производител „RVNT Forged“, гуми 245/30 R20, модифицирани браници, како и специјална графика.

Astra plug-in хибридната хечбек верзија послужи како основа за овој проект.
Opel и XS најавуваат и турнеја со овој ревијален автомобил. Возилото прво ќе им биде прикажано на посетителите на настанот XS Carnight „20 Years of XSCN“ (29 и 30 јули на Олимпискиот стадион во Берлин), по што ќе следуваат серија гостински настани на 17 септември во Вортерзе, Австрија.