„Покајничкиот аџилак“ на папата во Канада

од Nikola Popovski
212 прегледи

Папата Франциск ќе отпатува во Канада на, како што го нарече „покајнички аџилак“, бидејќи има намера да му се извини на локалното население за злоупотребата на децата во поранешните интернати, управувани од Католичката црква.

Се очекува папата да слета во Едмонтон, во западната провинција Алберта околу 19:20 часот по средноевропско време, а за време на престојот во Канада ќе ги посети и Квебек и Икалир, главниот град на територијата Нунавут, пренесува Ројтерс.

Британската агенција потсетува дека меѓу 1881 и 1996 година повеќе од 150.000 домородни деца биле одвоени од нивните семејства и донесени во интернати.

Многу деца беа изгладнети, тепани и сексуално злоупотребувани во систем кој канадската комисија за вистина и помирување го нарече „културен геноцид“.

„Вашингтон пост“ денеска објави дека папата започнува „напорна посета на Канада за да им се извини на домородните народи“ за злоупотребата на децата жртви од мисионери во католичките интернати.

„Тоа е клучен чекор во напорите на Католичката црква да се помири со домородните заедници и да им помогне да заздрават од генерациите на трауми“, пишува Вашингтон пост.

Фото: Vatican news

Слични содржини