Наскоро Mini Aceman concept

од Vladimir Zorba
181 прегледи

Mini минатиот месец објави дека влегува во нова ера на дизајн со воведувањето на својот нов дизајнерски јазик, Charizmatic Simplicity. Тогаш беше потврдено дека дизајнерскиот јазик ќе биде објавен на крајот на јули, со промоција на целосно електричен кросовер концепт.

Сега пристигна информација дека токму концептот Aceman ќе ја доживее својата премиера на 27 јули.

Сите идни модели на Mini ќе се засноваат на архитектура направена за електрични погонски единици и преку својата нова дизајнерска филозофија, Mini ќе го намали бројот на компоненти и наместо тоа ќе се концентрира на основните стилски елементи.

Во Mini сакаат идните модели „да постигнат емотивен, интуитивно препознатлив идентитет“ и ќе се погрижат секој иден Mini модел да има „своја индивидуална харизма која непогрешливо се заснова на сржта на брендот, реинтерпретирајќи ја самоуверено и на свој начин“.

Клучен столб на новиот дизајнерски јазик ќе биде употребата на напредна LED технологија во задните светла на моделите Mini, обезбедувајќи типичен Union Jack дизајн со уникатен светлосен потпис за секој модел. Mini-студијата а следната генерација ги отстранува и повеќето хромирани елементи.

Одржливоста е клучен фактор во дизајнерскиот јазик на Mini за харизматичка едноставност. На пример, концептот е без кожа и се фокусира на употребата на секундарни суровини покрај природните и рециклираните материјали. Ќе користи целосно дигитален тркалезен дисплеј со ревидиран кориснички интерфејс, иако дизајнерскиот тим на Mini одлучи да задржи некои важни аналогни контролни единици.

„Иднината на Mini-дизајнот се заснова на храброста и одлучноста да се обликува промената и да се одбележи препознатлив и уникатен профил“, опиша шефот на Minи-дизајн, Оливер Хајлмер.

Објавен е само еден тизер од споменатиот концепт на кросовер. Mini вели дека концептот ќе покаже „како технолошките иновации и прогресивната интерпретација на индивидуалната мобилност го одведуваат дизајнерскиот јазик на брендот далеку во иднината“.