Педесет години Honda Civic се крунисани со воведувањето на целосно новата Honda Civic Type R, дизајнирана да го испорача највозбудливото искуство досега, надградувајќи се на долгата традиција на автомобили со перформанси инспирирани од трки.
Civic Type R, кој ќе се најде во продажба следната година, веќе поставува нови стандарди, соборувајќи го рекордот на познатата патека „Сузука“ во Јапонија. Инженерите на Honda го подобрија секој аспект на новиот модел, вклучително и дизајнот кој ги подобрува аеродинамичните перформанси.
Надворешниот дизајн сега носи намалени детали за предниот и задниот браник, како и интегрираните дизајнерски карактеристики на задните врати и лакови кои се специјално развиени за Type R, се посочува во официјалното соопштение.
Новите дизајнерски допири служат за максимизирање на аеродинамиката и вклучуваат големи отвори за воздух зад предните тркала и нов, поголем заден дифузер кој е интегриран директно во подот – обликуван да работи во хармонија со каросеријата горе.
Внатрешноста испорачува високо ниво на удобност и практичност карактеристични за целосно новиот Civic e:HEV и е подобрена со детали фокусирани на перформансите, како што се легендарните црвени облоги од Type R. Лесните предни спортски седишта со велур кожен тапацир нудат исклучителна поддршка за постуралната структура на возачот за да се обезбеди удобност и управување на патеката и при долги возења.
Покрај режимите Comfort, Sport и +R, воведен е и нов „Индивидуален режим“ кој овозможува посебни прилагодувања на возењето.
Civic Type R е познат по своите моќни мотори со високи вртежи. Новиот модел се надоврзува на наградуваната основа на својот претходник со понатамошен развој на познатиот 17IM Type-R мотор за да го испорача најбрзото, најсигурното, најбезбедното и најнаградуваното возење во историјата на моделот.